Денес екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” работеа на расчистување на улиците во населбата “Лагадин”. Беа темелно исчистени улиците и тротоарите од наноси на земја и песок, и паднати лисја од дрвјата, и се беше уредно собрано и депонирано од страна на работниците.