Украдени садници на ул.„Димитар Влахов„
Во раните утрински часови по дрворедот на улица „Димитар Влахов„ повторно е забележана кражба на садници. Кражбата е забележана од страна на одговорните работници за одржување на јавното зеленило кои за жал континуиран период ја евидентираат оваа деструктивна појава каде несовесни граѓани само на оваа улица украле украсни грмушки: 40 зеленики од видот букус и 38 од видот елата. Појавата на кражба на садници е забележана и на новата пешачка патека од каналот Студенчишта до Горица.
Ј.П.„Охридски Комуналец„ е принуден да ангажира обезбедување за да се пронајдат сторителите. На тој начин се надеваме ќе имаме поголем респект кон вложените средства и труд за разубавување на градот.
вака изгледа хортикултурното катче покрај дрворедот од лигуструми по извршената кражба на садници
Зошто да се крадат садниците кога може да изгледа вака?