Се реализира последната фаза од хортикултурното уредување на Димитар Влахов

Екипите на „Паркови и зеленило„ ја реализираат последната фаза од хортикултурното уредување на ул .„Димитар Влахов„ со која се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот од лигуструми. Во последната фаза ќе се уреди дрворедот на потегот од   централната градинка „Јасна Ристеска“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.

Со уредувањето, покрај поставувањето на украсни штитници е опфатено и поставување на систем за наводнување и засадување на украсни нискостеблести земзелени грмушки и сезонско цвеќе.

dimitarvl

Следна активност на Ј.П. „Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2016 е реконструирањето на дрворедот по ул.„Македонски Просветители„ на потегот од Т.Ц.Амам до градскиот плоштад, каде исто така ќе се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот.

Share