Се расчистуваше кај “Петљата”
Денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција расчистуваа на влезот на Охрид кај “петљата”, расфрлан и намерно депониран комунален отпад, при што беа ангажирани 4ца комунални работници.
Апелираме до населението да не создаваат диви депонии, отпадот да се депонира во депонија ако е во поголеми количини или граѓаните можат да се јават кај службите на Ј.П. Охридски Комуналец за подигање на истиот.