Се расчистува потегот Горна Порта-Дрвара
Екипите на „Паркови и зеленило„ оваа работна седмица го расчистуваат шумскиот дел на охридското Кале, на потегот од Горна Порта до месноста „Дрвара„.. Бидејќи временските услови се поволни, а вегетацијата во фаза на мирување, се расчистува ниската и дива вегетација, како бршлените и трњето. Во шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот се отстранети исушените дрвја од видот багрем и јасен , а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени.
Од овој простор се подигна големо количество расфрлан комунален отпад и градежен шут кој несовесни граѓани го депонирале на овој потег.