Од активностите на Јавна хигиена
Дел од екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, во рамките на програмата за работа каде што е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, вчера и денес беа ангажирани во с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини.
Се работеше и на расчистување на “Градска плажа” од пластичен отпад, хартија и др. коишто беа донесени од езерото или депонирани од граѓаните.
Се расчистуваше и кај црквата “Св. Богородица Перивлепта”.