Дополнително ангажирани екипите на Ј.П. Охридски Комуналец
Во изминативе денови екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани со уредување и чистење на улиците и парковите во тек на раните утрински часови, како и преку целиот ден после забавите и концертите, како последица на големиот број на гости во градот. Беа собрани големи количини на пластични шишиња, хартија и друг вид на отпад, како во центарот на градот така и на плажата парк. Беше исчистен и градскиот стадион по договор со јавното претпријатие “Билјанини Извори”.