Чистење на ул. Железничка и 15ти Корпус

Јавна хигиена при “Ј.П. Охридски Комуналец” вчера започна со чистење на ул. “Железничка” и ул. “15ти Корпус” затоа што заврши обврската на “Македонија пат” за зимско одржување на истите улици. “Ј.П. Охридски Комуналец” врши одстранување на абразивни средства кои беа употребени за заштита против мрзнење и голомразица, наноси од земја, песок и израсната трева помеѓу коловозите и тротоарите. Ангажирани се 2 екипи од кои 4ца работници на потегот од кружниот тек по 15ти Корпус до “Застава агп”, и 6 работници од кружниот тек до петљата на излезот од Охрид према Скопје.

FotorCreated FotorCreated1

Share