Чистење покрај ул. “Марко Цепенков”

По налог на комуналната инспекција денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комналец” ја исчистија десната страна покрај ул. “Марко Цепенков” во тревнатиот дел на потегот од поштата до пресекот со ул. “Момчило Јорданоски” паралелно со градската болница. Беа ангажирани 4ца работници и собрани околу 30 вреќи комунален отпад и кабаст отпад депониран од страна на населението.

FotorCreated FotorCreated1

Повторно апелираме до граѓаните да не го расфрлаат отпадот и да го депонираат  на местата предвидени за тоа.

“Ј.П. Охридски Комуналец” врши бесплатно подигање на кабаст отпад од дома, во термините одредени за истото.

За информации на тел. 046/265-353

Share