Чистење на магистралните патишта како дел од проектот “Македонија без отпад”

Денес Ј.П. “Охридски Комуналец” се вклучи во проектот “Македонија без отпад” по договор со невладината организација “Ајде Македонија” каде што изврши расчистување на магистралниот пат “Охрид – Подмоље”, на двете магистрали (стариот и новиот пат), каде беа ангажирани 12 работници од 06:00 часот до 11:30 часот и беа собрани околу 60 вреќи на отпад.

fotorcreated fotorcreated1

Од другите учесници во оваа акција на потегот од “Билјанини извори” према “Св. Стефан” беа собрани 40тина вреќи отпад и истите беа подигнати со возило на Ј.П. “Охридски Комуналец”.

Share