Чистење кај трската на Мазија
“Ј.П. Охридски Комуналец” по договор со “Хидробиолошкиот завод – Охрид” изврши чистење на делот кај трската на Мазија пред хотел “Милениум” каде што е засаден локвањот. Ангажирани беа 2ца работници кои од крајбрежниот појас со вили и гребла го отстрануваа пластичниот отпад, а од длабинскиот дел отпадот се отстрануваше со помош на кајче. Беше отстранета поголема количина на пластичен и комунален отпад а во наредните денови ке се отстранува трската која е откорната по природен пат, исто по барање на “Хидробиолошкиот завод – Охрид”.