Секојдневно се чисти алгата од кејот, расчистен патот до Рамне
Екипите на „Јавна хигиена„ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј. Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 05.00 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Во наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.
Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистија патниот правец од населба Видобишта до с.Рамне. Ангажирани беа 4 работници кои извршија косење на тревата околу коловозот, ја отстранија жбунестата вегетација и надвиснатите гранки.