Се уредија јавните и зелените површини во с.Подмоље
Во рамките на Програмата за работа на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за 2015 год. е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, каде по однапред запазена динамика се одржуваат јавните површини и хортикултурно се уредуваат зелените површини.
Во согласност со овие активности се расчисти с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини.