Се реконструира дрворедот по ул.”7-ми Ноември”
Екипите на “Паркови и зеленило” денеска започнаа акција за средување на дрворедот по ул.”7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ.”Св.Наум Охридски”-Охрид. Постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, ќе се санира со кастрење на крошните од дрвјата на кои ќе им се даде форма пред пролетното раззеленување и оформување, а ќе се создадат подобри услови во движењето на пешаците и возилата.
Оваа акција ќе се одвива етапно во текот на месец март и се реализира согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 год. на територијата на општина Охрид.