Се подготвува зимската цветна реколта

Во расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ веќе се подготвува зимската  реколта од цветниот расад од видот „виола„-очиња.

Процесот на подготовка започнува со обработка на плодна хумусна земја која е збогатена со органско ѓубриво

DSCN1069

никнување на семето во топлите леи на расадникот и засадување на садниците во соодветни саксии со плодна земја

rasadnik

После одреден период кога садникот ќе добие соодветна форма, цврстина и големина, истите ќе бидат засадени во градските парковски површини и ќе ги красат до пролетниот период.  

 

Share