Расчистени плажите во Лагадин, Пештани и Трпејца
Ј.П.„Охридски Комуналец„ минатата седмица ги реализира акциите за темелно расчистување на плажите кои не се дадени под концесија на охридското крајбрежје во населба Лагадин, с.Пештани и с.Трпејца.
во туристичката населба Лагадин на потегот од пред х.„Два Бисери„ до авто-камп Елешец беа подигнати 10 м3 трска и 20 вреќи отпад
во с.Пештани 7 м3 трска и 10 вреќи отпад
во с.Трпејца 3 м3 трска и 5 вреќи отпад
Но секогаш останува горливиот проблем за тековно одржување на плажите и подигнување на еко-свеста кај граѓаните со цел да не се нарушува имиџот на нашиот најголем туристички центар. До почетокот на туристичката сезона Ј.П.„Охридски Комуналец„ на плажите во овие населби ќе ангажира комунални работници кои еднаш неделно ќе ја одржуваат јавната хигиена, а во екот на туристичката сезона плажите ќе се одржуваат секојдневно.