Расчистена плажа Грашница и нас.Св.Стефан
Екипите на „Јавна хигиена„ спроведоа акции за санирање на состојбата и расчистување на повеќе локации во градот и околните населени места по силното невреме и обилните врнежи кои го зафатија охридскиот крај изминатиот викенд. Со обилните врнежи големи количини од песок, земја, паднат лист и комунален отпад се натрупаа по коловозите, пешачките патеки и другите јавни површини.
Се расчисти плажата Грашница и сливното подрачје на река Грашница во Охридското Езеро, како и патеката која води кон Охридското Кале, каде езерските води исфрлија големи количини трска и комунален отпад.
Денес се расчистуваа јавните и сообраќајните површини во туристичката населба Свети Стефан од наноси од земја и песок.
После машинското расчистување во с.Пештани со специјална механизација, од утре ќе се пристапи кон рачно чистење и метење на јавните површини во ова село.