Полигонот расчистен, чаршијата се миеше со шмрк

Ј.П.Охридски Комуналец спроведе акција за темелно чистење на чаршијата со миење со шмрк и метење. Акцијата започна во 02.00 часот после полноќ и траеше до 07.00 часот  утрово, а беше опфатен потегот од плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот до плоштадот кај споменикот  Св.Климент Охридски. Ангажирани беа 3 вработени кои со шмрк извршија темелно миење на гранитните плочки по чаршијата, а потоа 4 метачи го собраа отпадот.

mienje1

mienje2

mienje4

mienje3

По барање на Ј.П.„Билјанини Извори„ кое стопанисува со паркинг-просторот на локацијата на поранешниот полигон за мали спортови  во центарот на градот, се расчисти целиот простор (паркинг локациите, поранешните трибини и околниот простор) каде се собраа големи количини комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа и др.)

poligon1

poligon2

Share