По обилните врнежи се чисти кејот и чаршијата
Обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион изминатите два дена предизвикаа големи количини отпад од околните реки да се влеат во водите од Охридско Езеро. На градскиот кеј езерскиот бран исфрли отпад: пластична , картонска , најлонска амбалажа и друг вид отпад. Јавна хигиена е ангажирана од раните утрински часови со сите расположиви ресурси и директно од езерските води се собира отпадот, а кејот се мети.
Другата оперативна група е задолжена за отсранување на остатоците од снег по градската чаршија.