Парковите блескаат во полн сјај
Пролетта е период кога зелените површини блескаат во полн сјај, а климатските услови се најповолни за зелената вегетација и сезонските цвеќа. Така и зелените површини во градот ја имаат онаа карактеристична зелена боја на пролетта, прошарани со декоративни грмушки во разни нијанси, расцветани дрвја и сезонски цвеќа во најразличен колорит.
Посебно во овој период пленат со убавина јапонските цреши кои се засадени на градскиот плоштад
Екипите на „Паркови и зеленило„ се ангажирани во тековно одржување: се косат тревните површини во градскиот парк и другите јавни површини, а заради неочекуваните високи температури и системите за наводнување се користат со зголемен интензитет.
Оваа работна седмица се врши и тековно одржување на бетонската жардињера на ул.„Железничка„ каде се отстранува дивата вегетација, а оштетените садници се заменуваат со нови.