Нов парк во Подмоље, a Калето се дотерува

Екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија просторот во центарот на с.Подмоље, околу игралиштето. Теренот беше реконструиран со раскопување и оплеменување со 20 м3 плодна земја, засадена е трева, 50 зимзелени садници и 40 цветни декоративни грмушки.

 podmolje

Улиците во стариот дел од градот  и патеките кои водат до Самоилова Тврдина, Канео, Лабино и Плаошник хортикултурно се дотеруваат. Веќе трет пат е опфатен стариот дел на градот со косење заради бујната вегетација во пролетниот период.

varos

Share