Нови канти за ситен отпад на градскиот и малиот плоштад
Ј.П.”Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона 2015 год. постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид. Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.
Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.