Започна хортикултурното уредување на бетонската жардињера на „Железничка„
Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со реализација на втората фаза од уредувањето на бетонската жардињера на ул.„Железничка„ , на потегот од кружниот тек на ул. „15-ти Корпус„ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Во првата фаза жардињерата беше исполнета со земја, а сега во втората фаза во која жардињерата хортикултурно се уредува, се дополнува со површински слој од плодна хумусна земја и се засадуваат декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, вибрунум, берберис и др.
Нашите активности се одвиваат синхронизирано со МЈП.„Проаква„ , кои го поставуваат системот за автоматско наводнување по принципот „капка по капка„.