Со хортикултурно уредување опфатени сите приградски населби
Врнежливото време придонесе бујна вегетација на сите зелени површини во охридскиот регион. Во тековнава работна седмица екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се максимално ангажирани со средување на високата трева околу коловозните ленти и пристапните патеки во приградските населби. Во понеделникот се косеа високите треви околу патот кој води до с.Вапила, во текот на вчерашниот ден се уредуваа пристапните патишта во с.Велгошти и Д.Лакочереј, а денес во с.Г.Лакочереј.
Според работниот календар со оваа активност ќе бидат опфатени и другите приградски населби: во текот на утрешниот ден ќе се расчистува с.Косел, во петок с.Лескоец, а на 23.06.2014 год. -понеделник ќе се расчистува патот до с.Орман, почнувајќи од пресекот со „Булевар Туристичка„ .