Се чисти крајбрежниот појас потег пристаниште-х.Милениум

Крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Милениум денес се расчистува од наноси на окрек, реса и друг вид отпад. Ова е период на цветање на езерската алга , па во наредните три месеци „Охридски Комуналец„ континуирано ќе го расчистува овај потег, согласно Програмата за вонредни активности за 2014 год., по претходно добиен налог од општинскиот инспекторат. Расчистувањето се врши дел машински, дел рачно со ангажирање на работници кои ќе ја расчистуваат ресата од чамец.

IMG107071

IMG107091

 

Во текот на денешниот ден подигнати се 4 м3 отпад.

Share