Од денешните активности на „Охридски Комуналец„
Синоќешното невреме го зголеми интензитетот на денешните активности на одделението „Јавна хигиена„. Паднатите лисја се расчистуваат и подигаат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, а во рамките на можностите и оперативноста, се делува на улиците од сите категории. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.
Се расчистуваше и градскиот кеј од наносите од реса и друг отпад кој на кејот го натрупа езерскиот бран. Подигнати се 20 м3 отпад.
Продолжува акцијата за чистење на речните корита и денеска се расчистуваше река Сушица по должина на ул.„Аџи Мустафа„.