Не се почитуваат акциите за кабаст и зелен отпад, отпадот секојдневно се депонира
Како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, секојдневно се соочуваме со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад. И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини.
Апелираме граѓаните да се придржуваат до календарот на одржување акции за кабаст и зелен отпад, како и динамиката на подигнување на комуналниот отпад, зошто ваквите грди слики не ни наштетуваат само нас како јавно претпријатие, туку и на останатите граѓани кои совесно го депонираат отпадот.