Запуштената локација на “Партизанска” расчистена
По реакции на жители кои живеат во близина на оваа локација, а по претходно добиен налог од Комуналната инспекција, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” пристапија кон расчистување на просторот кој се наоѓа на ул.”Партизанска”, на потегот меѓу црквата “Св.Никола” и ФТУ-Охрид.
Просторот кој е во приватна сопственост беше целосно запоставен, целиот обраснат со трње, високи треви и коров.
За расчистување на просторот се работеше 3 дена, беа ангажирани 10 работници и специјална механизација. Извршено е отстранување на трњето, отстранети се сувите гранки, уредени се крошните од дрвјата и потоа со специјална механизација е израмнета земјата.