Акции за чистење на потегот Лагадин-Пештани и дел од Градска плажа
Високиот водостој на Охридското Езеро допринесе да се наталожат големи количини отпад по крајбрежјето, притоа најзастапени се пластични отпадоци, хартија и трска . Од тие причини екипите на „Јавна Хигиена„ превзедоа акции за чистење на крајбрежниот појас на потегот од нас.Лагадин до с.Пештани и потегот на Градска плажа од Калето до вливот на река Грашница. Со расчистување на локациите се започна вчера и ќе се работи три дена со 15 ангажирани работници. Според претходно сондираниот терен очекуваме да се соберат околу 100 вреќи отпад.